Детали за диетата со која пејачката Адел ослабе 45 кг

14 јануари, 2021
download

За новата линија на пејачката Адел се пишуваше веќе некое време, а деновиве социјалните мрежи се вжештија кога Адел ги изненади своите следбеници на својот Инстаграм објавувајќи фотографија на која изгуби толку многу килограми што е скоро непрепознатлива.

Таа, наводно, изгубила 45 килограми. Познатата британска пејачка Адел, ги изненади своите обожаватели на Инстаграм откако објави фотографија за роденденот, во елегантен црн фустан и ја покажа својата никогаш потенка линија.

Ова не е прв пат таа да објави фотографија во јануари годинава каде исто така беше видливо послаба од порано. Адел не зборуваше јавно за слабеењето, но исто така не е јасно дали слабеењето е нејзин личен избор. На крајот на краиштата, она што е важно е тоа да се чувствува добро во својата кожа. И судејќи според тоа колку е среќна на нејзината роденденска фотографија, се чини дека деновиве се чувствува прилично добро.

Она што беше напишано уште во јануари е дека Адел успеала да ослабе со помош на диета со сиртуин и вежбање. Екстра новинар преку видео врска со поранешниот тренер на Адел, која рече за нејзиното слабеење: “Верувам дека Адел го смени својот животен стил и диета. Нема чудесен тренинг што може да направи да изгубите толку многу килограми”. Новинарот рече дека има сè повеќе тврдења дека пејачката ослабела по диетата со сиртуин во која и било дозволено да пие црвено вино, кафе и чоколадо и го замолил тренерот да даде коментар за таа диета: „Дозволено е сè што се консумира во умерени количини, ако го намалите внесот на калории, ќе изгубите тежина. Штом некое лице отстрани рафиниран шеќер, преработена храна, газирани пијалоци од својата исхрана и се сврти кон здрава и хранлива храна, промените на подобро се неизбежни. Исто така верувам дека Адел започна да вежба пилатес што треба да се комбинира со кардио. Тоа е одлична комбинација бидејќи кардио го зголемува срцевиот ритам и придонесува за трошење калории, а пилатес прави одлично градење на мускулите “.

escort - Korsan taksi