Грешка во чекори: Експерт тврди – „Палатата се саботираше сама себеси!“

15 март, 2021
34567890

Бомбастичното интервју меѓу Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри не престанува да биде тема на разговор ниту една недела откако истото го виде светлото на денот. Обвинувањата против кралското семејство се детално анализирани, а вниманието на јавноста ширум светот е насочено само кон британскиот двор. И додека некои сметаат дека Сасекс си направил лоша услуга со ова гостување, кралскиот експерт Клајв Ирвинг изјави за Cheat Sheet зошто смета дека палатата сама себе се саботирала неколку дена пред премиерното интервју на CBS.

Имено, авторот на книгата „The Last Queen“ за споменатите медиуми изјави дека кралското семејство не е свесно за влијанието на двочасовното интервју, па затоа пред неколку дена направија голема грешка со која само предизвикаа дополнителна штета . „Да кажат дека некогаш малтретирала персонал? Мислам, па тоа се случи во 2018 година! Зошто одеднаш да го пријавите тоа во медиумите пред интервјуто со Опра? Ако се случило такво нешто, зошто претходно не го истражиле тоа? Мене, благо речено, ми се чини дека очајно се обидуваа да најдат нешто што ќе го намали кредибилитетот на зборовите на Меган, без воопшто да размислуваат за Хари и што би рекол во интервјуто“, рече Ирвинг, алудирајќи на обвинувањата против војвотката од Сасекс. наводно, за време на нејзиниот живот во палатата, била толку груба кон својот персонал, што дури успеала да расплаче некои од нив.

Meghan Markle

Но, како што објасни експертот, имајќи предвид дека проблемот со расизмот во семејството, кој предизвика најмногу полемики во јавноста, го потврди и самиот принц Хари, според него, обидот за клевета на Меган целосно пропадна и укажува само на неподготвеноста на палатата да се соочат со сериозните обвинувања што им се изречени.

Патем, откако во јавноста стана познато дека одредени членови на персоналот ја обвинија Меган за малтретирање, психички и физички, кралицата Елизабета Втора реши да покрене истрага, а според последните пишувања на странски медиуми, работата не ја препуштија на случајност ни Меган и Хари, кои во обид да ја спречат манипулацијата со информации и клеветите во медиумите, сакаат да бидат вклучени во истрагата.