ХОРОСКОП ЗА 22-РИ АПРИЛ: Вагата ќе биде измамена, Стрелецот казнет, а Рибата чека слатко уживање

22 април, 2021
276168ff4da054a767cb77a9d4ab39b128e66b0d

ОВЕН

Неповолни деловни вести пристигнуваат од пријател или долгогодишен соработник кој е во странство. До крајот на денот, ќе сфатите дека не е толку црно како што изгледаше на прв поглед. Очекувајте пријатно изненадување во љубовта.

БИК

Нешто важно на што сте работеле, добива нова форма. Инсистирањето на подобрување на комуникацијата може накратко да ве деконцентрира и да направи да превидите во важна точка. Бидете внимателни во сообраќајот, особено ако сте возач.

БЛИЗНАЦИ

Опкружени сте со луѓе кои ги привлекува вашата позитивна енергија. Поради пристојната финансиска состојба, вие сте во можност да организирате забава за нив. Во занес на добро расположение, може да заборавите кои се вашите вистински пријатели.

РАК

Со малку повеќе трпеливост, би можеле да ги решите емотивните проблеми со вашиот партнер, но не очекувајте тој да ви го прочита умот. Треба да бидете искрени, јасни и гласни. Секоја скратена комуникација и кратки пораки може да бидат причини за недоразбирање.

ЛАВ

Финансиските проблеми се во преден план затоа што недостасуваат резултатите на кои безрезервно се потпревте. Ова е вовед во периодот на стагнација, па затоа е подобро да се подготвите на време. Трпението и истрајноста не се ваша силна страна, а тие се толку неопходни денес.

ДЕВИЦА

Време е да преземете иницијатива и да започнете нови активности на работа. Зрачите позитивност, па затоа би било добро да ги претставите своите идеи пред вашите колеги. Некој близок не ви е достапен поради некоја причина, тоа може да биде идеален начин да ја освежите вашата врска.

ВАГА

Прекумерната фантазија може да ве искуши да верувате во брз проток на пари. Разговор со личност која е во странство и која е многу слична на вас по темперамент, може да ве привлече во ова. Не се занесувај од илузии, држи се до реалноста.

ШКОРПИЈА

Немате време за вишок приказни. Целото внимание е насочено кон работното опкружување во кое ве следи една жена. Потрудете се правилно да ги завршите обврските, затоа што, поради грешката што ја направивте денес, може да бидете неразумно строго казнети.

СТРЕЛЕЦ

Вие не прифаќате туѓи мислења, дури и по цена да ги доведете вашите погледи во голема неволја. За време на попладневните часови, ви доаѓаат важни вести кои можат значително да влијаат на исходот на вашите деловни планови. Надминете ја суетата, прифатете го советот на соработниците.

ЈАРЕЦ

Обврските бараат концентрација и целосна ментална посветеност од вас. Фрустрирани сте од конфликтот помеѓу должноста кон другите и потребата да се задоволите себе си. Доколку најдете задоволство во работата, ќе се ослободите од грчевите, а со тоа и од непријатното чувство дека сте користени.

ВОДОЛИЈА

Поволен ден за истражување и учење. Исто така, сигурно е дека ќе добиете понуда за членство во хуманитарна организација каде што целосно би се изразиле затоа што вашата комуникација и убедливост се вредни за таа работа.

РИБА

Потребна ви е промена, но немате идеја како сами да ја спроведете, а суетата не ви дозволува да му ја препуштите на вашиот партнер. Прифатете ја поканата и препуштете се на слатка пауза. Негативното расположение ќе стивне и ситуацијата ќе се смири.

escort - Korsan taksi