„Му го дадов животот на ДИЗНИ како мала, не знам дали сум добра ГЛУМИЦА“: Селена конечно доби прилика да покаже колку вреди

10 август, 2021
325958_selenagomezprofimedia0445915387_ff

Талентираната актерка и пејачка, Селена Гомез е многу горда што е дел од новата серија наречена „Only Murders in the Building“, и како што истакнува, ова ќе биде нејзино прво сериозно појавување на ТВ екраните, што ја прави многу среќна, бидејќи таа верува дека немала можности за докажување.

“Му го дадов животот на Дизни на многу мала возраст и не знаев што правам. Само трчав на сетот”. – истакна Гомез за списанието Page Six.

Во новиот формат, таа стоеше рамо до рамо со своите колеги Мартин Шорт и Стив Мартин, кои и помогнаа да го донесе ликот на вистинскиот начин, и вака Селена го опиша искуството.

“Навистина е убаво да се вратам на телевизија и убаво е да ги играм моите вистински години, што никогаш не се случува. Не знам дали сум добра актерка. Јас само ја работам својата работа”. – завршува актерката.

Selena Gomez