Пеглата нема да ви биде потребна: Пробајте го ова едноставно решение за брзо исправување на стутканата облека

2 август, 2021
Screenshot 2021-08-02 175609

Добро испегланата облека носи одредена доза на кредибилитет во нашиот изглед

Кога вашата облека е малку стуткана, тоа не значи дека треба веднаш да ја извадите даската за пеглање. Оваа жена предлага изненадувачки едноставно решение за брзо исправање на стуткана облека.

Еве како се прави:

Ставете ја чистата облека, подготвена за пеглање, во машина за сушење. Ставете 3 коцки мраз во неа.Изберете го режимот на сушење и оставете ја машината да работи 15 минути. После тоа, кога ќе ги извадите алиштата, тие ќе изгледаат како да се пеглани. Пареата од топењето на мразот брзо и лесно ќе ја пегла облеката.

Ако немате машина за сушење, користете мешавина од вода и алкохолен оцет.

Оцетот совршено ги омекнува ткаенините. Мешавината од оцет и вода во еднакви количини, лесно ја исправува секоја ткаенина. Направете мешавина (1:1), истурете ја во шише со спреј. Земете ја стутканата облека и полека и рамномерно попрскајте ја со течноста.

Облеката ќе биде влажна некое време. Но, кога ќе се исуши, ќе добие свеж изглед, и што е најважно, ќе биде без нерамнини.

escort - Korsan taksi