Пенисите се сѐ помали, а гениталиите неправилни! Воочени големи промени на човечкото тело, за сѐ е криво – загадувањето?

26 март, 2021
shutterstock_193135019

Една нова студија анализира како нашиот современ свет се заканува на бројот на сперматозоиди, менувајќи го репродуктивниот развој на мажите и жените и нарушувајќи ја иднината на човечката раса.

Пенисите се намалуваат и гениталиите обично стануваат неправилно обликувани – поради загадувањето, предупреди научник специјализиран за заштита на животната средина во нејзината нова книга, во која детално се опишани предизвиците со кои се соочува човечката репродукција.

Д-р Шана Свон пишува дека човештвото се соочува со „егзистенцијална криза“ во стапките на плодност како резултат на фталат, хемикалија што се користи во производството на пластика и влијае на ендокриниот систем што произведува хормони.

Како современиот свет се заканува на спермата

Како резултат на овој вид на загадување на животната средина, се поголем број машки бебиња се раѓаат со мали пениси, тврди др. Свон. Нејзината книга „Count Down“ испитува „како нашиот современ свет се заканува на бројот на сперматозоиди, менувајќи го репродуктивниот развој на мажите и жените и нарушувајќи ја иднината на човечката раса“.

Истражување на д-р. Свон започна со испитување на синдромот на фталат, нешто забележано кај стаорци, што покажа дека фетусите, кога се изложени на хемикалии, најверојатно ќе се родат со помали гениталии.

Открила дека машките човечки бебиња кои биле изложени на фталати во матката имале помало растојание од аногениталните органи – нешто што е во корелација со обемот на пенисот. Хемикалијата се користи индустриски за да се создаде пофлексибилна пластика, но др. Свон вели дека се пренесува на играчки и храна, а потоа му штети на човековиот развој.

Нивото на сперма се намали за повеќе од 50 проценти

Фталатите го имитираат хормонот естроген и со тоа го нарушуваат природното производство на хормони во човечкото тело, што истражувачите го поврзуваат со мешање во сексуалниот развој на новороденчињата и однесувањето на возрасните. Д-р Свон, која е професор по медицина на животната средина и јавно здравје во болницата „Монт Синај“ во Њујорк, ја заснова својата работа врз низа истражувачки рецензирани студии.

Едно истражување објавено во 2017 година покажа дека нивото на сперматозоиди кај мажите во западните земји се намалило за повеќе од 50 проценти во текот на изминатите четири децении, по анализата на 185 студии во кои учествувале околу 45.000 здрави мажи.

Д-р Сван верува дека стапката на брзо опаѓање на плодноста значи дека повеќето мажи нема да можат да произведат одржлива сперма до 2045 година, пренесува Sky News.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi