СЛАВЕШЕ РОДЕНДЕН: КОЛКУ ГОДИНИ НАПОЛНИ БОЈАНА СКЕНДЕРОСКИ? (ФОТО)

17 февруари, 2021
бојана

Водителката и пејачка Бојана Скендеровски (14.02.2021) имаше убав повод за славење. Имено, покрај тоа што во светот, па и во Македонија се славеше „Свети Валентајн“ или „Денот на вљубените“, Бојана имаше уште една причина за радување. Скендеровски славеше роденден, а како што обзнани на социјалните мрежи таа наполни 37 години.

По тој повод, водителката објави неколку фотографии на кои позира заедно со сопругот Васко, како и нивните деца. Бојана доби и роденденска торта со фотографија од ќеркичката и синчето.

„За мене единица мерка за среќа се емоциите, јас сум среќна жена кога ќе пребројам во која количина ги добивам и враќам секојдневно тие емоции… Среќна сум со се што добивам и губам, грешам, и со се во што сум безпрекорна, плачам и се смеам на цел глас!
Денес полнам 37 години, и се што научив до сега е дека љубовта со љубов се враќа, а доброто што го правите за некој друг, ја зголемува вашата лична среќа! На здравје пријатели, Ве сакам!“, напиша водителката покрај фотографијата.

Под објавата се нижеа честитки од нејзините колеги, како и и од нејзините „Инстаграм“ пријатели.

Среќен роденден!

 ПРЕТХОДЕН ПОСТ