Ѝ рекле дека НЕМА ДА ГО ДОЧЕКА СЛЕДНИОТ БОЖИЌ – и така и беше: Пејачката ја изгуби битката со ракот на 39 години

7 септември, 2021
327201_profimedia0630507731_ff

Поранешната членка на Girls Aloud Сара Хардинг почина на 39 -годишна возраст, откако ја загуби битката со ракот на дојката.

Нејзината мајка Мери ја сподели тажната вест за смртта на пејачката на социјалните мрежи.

„Со скршено срце, денес морам да ја споделам веста дека почина мојата прекрасна ќерка Сара. Многумина од вас знаат дека Сара се бореше со ракот, и толку силно, од дијагнозата до нејзиниот последен ден. Таа почина мирно утрово.“

На Сари Хардинг и беше дијагностициран рак на дојка во август минатата година, а таа веќе беше во напредна фаза и метастазираше на други делови од телото.

Претходно оваа година, Сара зборуваше за своето искуство со оваа разорна болест во своите мемоари „Слушни ме“.

Sara Harding, Girls Aloud

Таа напиша за тоа како веднаш помислила дека ќе умре, но и дека тргнала да го планира својот погреб. Сара откри дека лекарите и рекле дека најверојатно нема да може да дочека до следниот Божиќ.

„Во декември, лекарите ми рекоа дека тој Божиќ најверојатно ќе биде мојот последен. Не знам колку време ми останува. Мислам дека навистина би сакала да ги видам сите мои пријатели заедно, за последен пат. Би било одлична забава да им се заблагодариме и да се збогуваме. Зарем тоа не би било одлично?”

„Исто така, излегов со епитаф за мојот гроб. Мислам дека добро ќе гласи: FFS. Тоа е фразата што ја користам најчесто откако се борам со оваа болест: for f**k’s sake“- рече Сара пред неколку месеци.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi