14 саати имала болки! Џиџи Хадид откри сè за породувањето во домашни услови, но и мајчинството!

6 февруари, 2021
џиџи

Во едно интервју, супермоделот изјави дека одлучила да се породи дома, откако го погледна документарниот филм „Бизнисот на раѓање“ од 2008 година, во кој се зборува за различни искуства при раѓање.

Дотогаш Хадид планираше да роди ќерка во болница во Њујорк. Но, кога таа и нејзиниот партнер Зејн Малик сфатија дека мерките на претпазливост поради „ковид 19“ ќе го ограничат бројот на членови на семејството кои можат да бидат присутни на раѓањето, тие се предомислија.

Покрај Зејн, на породувањето присуствуваа и мајката на Џиџи, Јоланда Хадид, нејзината сестра Бела Хадид и секако бабицата.

Иако одбрала целосно природно породување, во еден момент ја прашала бабицата дали епидурал ќе и помогне и ќе ја намали болката. Но, тогаш беше доцна за тоа. Потсетувајќи се на искуството, моделот зборуваше и за тоа како мисли дека се чувствувале нејзините најблиски додека ја гледале како се породи.

Знам дека мајка ми и Зејн и Бела беа горди на мене, но во одредени моменти видов дека се ужаснуваат – рече таа и додаде: – После тоа, јас и Зејн се погледнавме и заклучивме дека можеме да одвоиме некое време пред тоа да повториме.

escort - Korsan taksi