5-те најскапи разводи на сите времиња: 1,7 МИЛИЈАРДИ, 38 МИЛИЈАРДИ….

20 мај, 2021
bil-i-melinda-gejts-830x0

Некои жени добро „заработија“по разводот, и веројатно уште не ги потрошиле големите пари што ги добија пред многу години…

Веста дека славната брачна двојка – Мелинда и Бил Гејтс се разведуваат, по скоро три децении заеднички живот, неодамна одекна во Светот. По 27 години брак и започнување заедничка деловна активност, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, потоа откако имаа три деца, сега треба да го поделат имотот и богатството.

Тоа, сигурно, нема да биде лесно, без оглед на односите меѓу нив. На почетокот на мај, Daily Mail направи пресек на она што е „во игра“, а тоа се вили, автомобили, имоти, приватни авиони … Според достапните податоци, Гејтс не потпишале никаков предбрачен договор , што може многу да го чини познатиот филантроп.

Сепак, овие сопружници од САД не се единствените што поминуваат низ толку скап развод. Историјата ги памети уште најмалку 5…

5. Започнуваме од последното место на листата на најскапи разводи, а го заземаат Мајкл Џордан и Хуанита Ванои, чија официјална разделба чинеше 168 милиони долари. Двојката се разведе по 17 години брачен живот, пријателски. „ Chicago Business “ наведува дека сега веќе поранешната сопруга на Џордан добила 168 милиони долари во бракоразводната парница, што е една од „најскапите зделки“ во светот на спортот.

4. Целиот свет зуеше за нивниот развод, кој се случи во 2010 година (а бракот се случи во 2004 година). Имено, разводот на Тајгер Вудс и Елин Нордегрен чинеше 710 милиони долари, а тоа следеше по аферите за прељуба што ја следеа најголемата ѕвезда на голф во Светот. Двојката се запозна кога Елин се пресели во САД од Шведска, а бракот заврши кога се откри дека Вудс ја изневерувал својата сопруга со менаџерка на ноќен клуб во Њу Јорк.

3. Руперт Мардок и Ана Ман се најдоа на средина на оваа листа, бидејќи нивниот развод чинеше дури 1,7 милијарди долари. Значи, „оставаме милиони“ и преминуваме на бројки со девет нули. Американскиот медиумски магнат се разведе од шкотскиот новинар уште во 1999 година, а потоа започна „ерата на скапи разводи“. Ман доби не само 1,7 милијарди долари во бракоразводна парница, туку и дополнителни 110 милиони долари во готово.

2. Американскиот милијардер роден во Франција, Алек Вајлденштајн, беше во брак со Јосилин Вајлденштајн 21 година. Разводот следеше во 1999 година, а неговата сега веќе поранешна сопруга доби 3,8 милијарди долари на сметката.

1. Како што може да претпоставите, победници на ова „натпреварување“ се Џеф Безос и Мекензи Скот, чиј развод чинеше неверојатни 38 милијарди долари. Тие беа во брак од 1993 до 2019 година, а до денес – разводот им е најскап во Светот. Пред две години Мекензи стана третата најбогата жена во Светот, така да се каже, „преку ноќ“.

Што се однесува до Бил и Мелинда Гејтс, нив сè уште ги нема на оваа листа, бидејќи не е познато колку ќе чини разводот на основачот на Microsoft и неговата долгогодишна сопруга. Останува да видиме дали ќе можат да ги „стигнат“ Џеф Безос и Мекензи Скот.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi