Адријана Алачки објави фотографија од родителите и им посвети емотивна порака: „Ми недостигате со секој нов ден“

22 март, 2021
alacka

Македонската пејачка, водителка на „Вкусот на традиција“ и претседател на кулнарското друштво „Гастрома“, Адријана Алачки постојано реди успеси на приватен и професионален план, но ретко имаме можност од неа да дознаеме некој детал повеќе од приватноста. Таа тоа го прави само за специфичен повод, како роденден, годишнина или нешто слично.

Таа е активна на социјалните мрежи каде што редовно објавува фотографии од снимањата на емисијата, разни кулинарски специјалитети, а поретко фотографии од својот приватен живот. Алачки исто така знае да сподели фотографии и емотивни пораки за нејзината ќерка Грациела, внуката Јана и синот Благоја, кои како што вели и се најголемо богатство во животот.

Меѓутоа, деновиве водителката пребарувајќи по фотографиите од архива наидеа на фотографија од нејзините родители. Имено, таа на својот „Фејсбук“ објави фотографија од родителите, а во описот напиша емотивен статус.

-Единствени мои, Јас ја имав таа среќа да бидете мои родители, што и да напишам нема да Ве опише, оти нема такви зборови, Вие бевте посебни и со огромна душа како амбар, за сите имавте место, што ли душа носевте, од Вас многумина учеа што е „ЧОВЕК”… ми недостигате со секој нов ден, се повеќе и повеќе, се што сум денес е Ваша заслуга, од Вас научив што е семејство, пожртвуваност, љубов, почитување, дарежливост, милост, жалост….Секој ден поминувам покрај вратата каде што ги живеевме среќните денови сите заедно, нозете сами ми oдеа натаму, ќе ја отворев вратата и доволно ми беше да Ве видам само, тоа ми даваше сила…сега истите скали ги минувам, истата врата, навратувам понекогаш во истиот дом, но празно е СЕ внатре, само фотографиите, старите украси и миленциња што мајка ми ги штиркаше, старите перничиња плетени на рака, спомените и грижата на совест што не поминува, од ден на ден е поголема што можеби несакајќи ве повредив а не ми кажавте…и немав доволно време за Вас..Родителот секогаш ќе Ви простува, но ќе биде страшно кога самите нема да си простите, затоа преслушајте го секој збор пред да Ви излезе од устата, најдете време за малку внимание и топол збор пред да биде доцна за се…Ве сакам со секој атом од мојата душа. Поч*вајте во мир!“, напиша Алачки покрај објаватa.

Инаку, Адријана е мајка на две деца – ќерката Грациела од која ја има внуката Јана и синот Благоја кој во декември минатата година ја побара својата девојка за сопруга.

Преземено од skopje24.mk

escort - Korsan taksi