Акцијата е загарантирана: Се појави првиот тизер трејлер за „Матрикс 4“

9 септември, 2021
matriks-4-815x458

Заплетот на филмот се уште не е познат, но тука е стариот тим – Кијану Ривс и Кери Ен Мос

Филмот „Матрикс 4“ конечно го доби својот прв тизер трејлер. Имено, според првите снимки, гледаме дека ќе има многу акција, како и во претходните делови.

Засега не е познато за што се работи во новото остварување. Познато е дека во ова продолжение ќе го видиме стариот тим, предводен од Кијану Ривс, кој го толкува ликот на Нео, како и актерката Кери Ен Мос, која го толкува ликот на Тринити.

Во филмот „Матрикс 4“ играат и Џејда Пинкет Смит, како Ниобе, Ламберт Вилсон, како Меровингјан, како и Даниел Бернхард како агентот Џонсон.

Режисер на овој филм е Лана Вачковски. Филмот треба да се прикаже во кината на крајот на годината, од 22 декември 2021 година.

До тогаш, погледнете го тизер трејлерот:

escort - Korsan taksi