Актерската кариера на Џони Деп во проблем: Холивуд ме бојкотира!

16 август, 2021
h_56360491-725x449

Холивудскиот актер Џони Деп откри дека се соочил со бројни тешкотии и бариери во кариерата поради проблеми со поранешната сопруга Амбер Херд, која претходно го обвини за семејно насилство.

Деп откри како Холивуд се однесува кон него по сите семејни проблеми и призна дека последиците од истото влијаеле врз неговата кариера, и дека ова е една од причините зошто тој не е толку активен во бизнисот како порано и дека му се откажани бројните улоги.

Имено, тој го промовираше филмот Минамата (од кој дел е снимен во Србија) и рече дека нема датум на објавување во САД и дека филмот е објавен само во Велика Британија.

„И ако ништо друго, Холивуд ме бојкотира … Еден човек, еден актер во непријатна ситуација, во последните години, ништо ново“, наводно изјавил актерот за моменталната приказна.

„Се обидувам да напредувам колку што можам повеќе, да направам чекор напред и да ги извадам работите на виделина“, додаде Деп.

Да потсетиме, Џони ја загуби тужбата против британски таблоид кој пишуваше разни приказни во врска со неговата бурна врска со Амбер. Тој беше окарактеризиран како „маж што тепа жени“, „силеџија“, а судијата донесе одлука во корист на таблоидите во овој случај.

Џони Деп ја обжали оваа пресуда и повторно загуби, барем што се однесува до Велика Британија. Во Америка, тој и Амбер се тужат еден со друг и има неколку тужби по таа основа, односно ја тужеше за навредување на честа, а потоа таа го тужеше и така во круг.

escort - Korsan taksi