„АЛЕКС ЈА СКРШИ“: Фановите ја тешат јадната Џеј Ло по прекинот на свршувачката

1 мај, 2021
profimedia-0607920299

„Ние си посакуваме сѐ најдобро, како и на нашите деца. Од почит кон децата што ги имаме, единствениот коментар што ќе го додадеме на оваа тема е да им се заблагодариме на сите за љубезните зборови и пораките за поддршка“, ова се зборовите со кои 51-годишната латино дива Џеј Ло и сега поранешниот свршеник, шест години помладиот спортист Алекс Родригез, пред околу десетина дена објавија дека на нивната петгодишна љубов ѝ се стави крај. И иако дуото се раздели пријателски, паузата не е лесна, за што сведочат и последните фотографии на музичарката, кој беше фотографирана видливо лошо расположена.

Jennifer Lopez

И покрај широката насмевка што може да се види на нејзините објави на социјалните мрежи, на папарацо фотографиите направени за време на нејзината посета на теретана, Џеј Ло изгледаше доста сериозно и според мислењето на корисниците на социјалните мрежи, прилично намуртено. Во обична облека – сива тренерка и чизми до глужд на Тимберленд, пејачката незаинтересирано мина покрај фотографот, криејќи се зад очила за сонце, а во преден план се појави рака без веренички прстен.

Jennifer Lopez

„Алекс ја скрши, изгледа толку тажно“, „Џенифер држи се, можеш многу подобро од него“, „Не се ни обидува да скрие дека ѝ е тешко“, се некои од коментарите под најновите фотографии на пејачката, која уште од пред неколку недели, зборуваше за нејзината голема љубовна врска со поранешниот бејзбол играч. Инаку, 51-годишната девојка беше фотографирана како оди во теретана веднаш откако беа направени фотографии низ целиот свет на кои беше фатена со нејзиниот поранешен свршеник како вечера во луксузен хотел во петокот вечерта. Судејќи според контроверзните папарацо фотографии, се чини дека вечерата со Алекс не поминала добро.