Алесандра Амбросио „се шлапка“ во Бразил во минијатурен костим за капење

3 јануари, 2021
pjimage-63

Алесандра се чини дека ужива во своето прво, овогодинешново капење во морето, бидејќи не ја симна насмевката од лицето. И минатата година ја дочека на сончеви плажи

Бразилската манекенка Алесандра Амбросио (39) реши да ја започне Новата 2021 година на луксузна јахта во друштво на пријатели. Поранешниот ангел на Викторија Сикрет „се шлапка“ во Флоријанополис, Бразил.

Носеше минијатурен пурпурен костим за капење. Покрај тоа што „фаќаше“ боја, Алесандра скокна и од јахтата во морето. Судејќи според фотографиите, таа годинава уживаше во своето прво капење во морето, бидејќи не ја симнуваше насмевката од лицето.

И минатата година ја дочека на сончеви плажи.

Алесандра ја одржува модната линија со редовно тренирање. Особено се занимава со одбојка на плажа, но сака и други спортови.

На својата кариера започнала да работи на 11-годишна возраст, кога направила операција на ушите поради естетика. Една година подоцна, таа започна курс за моделинг, а на 14-годишна возраст се најде во најдобрите 20 на натпревар во Бразил. Доби ангажмани за брендови како Кристијан Диор, Џорџо Армани, Ралф Лорен, а работеше и на колекции за модни куќи како Прада, Шанел…