Анџелина Џоли сподели фотографии од луксузниот воз од патувањето низ Европа

5 август, 2021
1623707879-h_55530128-750x422

Анџелина Џоли одморот го помина во Италија со своите деца, а фотографиите што пристигнуваат на Instagram откриваат дека тоа била вистинска авантура.

Одморот во Италија беше многу пријатен за Анџелина, како и необичното патување со воз низ Европа, со кој посети многу други градови, јасно е како денот кога ќе ги погледнете фотографиите и снимките кои, благодарение на уметниците Ј.R. и Прун Нури, завршија на Instagram.

Како да станува збор за дипломско патување на тинејџери, Анџелина Џоли уживаше во својата летна авантура, која кулминираше со престојот во познатиот венецијански хотел Ципријани.

На некои од фотографиите, една од најубавите холивудски актерки е облечена во сив кафтан и позира на покривите на италијанските куќи во Венеција, додека на други ужива во оброк додека се вози на луксузен воз низ Европа.

Европа беше топ дестинација за најголемите светски sвезди во последниве години, а покрај Анџелина, ова лето Џенифер Лопез и Бен Афлек крстатреа по Медитеранот, како и нејзиниот поранешен вереник Алекс Родригез, Кејт Хадсон и нејзиното семејство уживаа во Грција, а Кети Пери и Орландо Блум беа во Италија.