Анџелина призна: „Имам долга листа на причини зошто не сакам да се впуштам во врска“

13 мај, 2021
image_2021-05-13_054022

Холивудската актерка Анџелина Џоли беше поврзувана со многу мажи од разводот со 57-годишниот актер Бред Пит. Наводните врски не биле рекламирани, а сега таа конечно е во интервју за E! News призна дека е слободна веќе подолго време. Таа додаде дека ќе биде многу пребирлива во потрагата по нова љубов, бидејќи се изгорела во старите.

‘Долго време сум сама. Веројатно имам многу долг список на причини зошто не сакам да се впуштам во врска“, рече Анџелина. Таа во моментов целото внимание им го посветува на своите деца за кои има само пофални зборови. Таа се пошегува дека толку долго е слободна што нејзините деца и помагаат во самохраното мајчинство.

„Имам шест многу способни деца. Секако дека се будам и само треба да се осигурам дека се во ред и дека се психички добри. Но, искрено, мислам дека тоа се смени пред неколку години и дека тие мислат дека мораат да бидат сигурни дека мама е добро“, рече актерката и призна дека улогите малку се сменија.

Angelina Jolie

Анџелина беше особено посветена на своите деца за време на пандемијата, кога требаше да ја балансира работата со нивното школување дома. Таа ги пофали што почнаа да учат странски јазици и дека се многу заинтересирани.

Иако гордо зборува за своите деца, таа сепак е во ‘војна’ со Бред Пит поради нив. Откако тие официјално ја објавија паузата во 2016 година, започнаа проблеми околу старателството над децата. Актерот претендира на заедничко старателство, додека Анџелина сака целосно старателство. Анџелина еднаш рече дека е лута на Бред и го обвини за нивното раскинување. Пред да биде со холивудскиот заводник, Анџелина беше во брак со Џони Ли Милер и Били Боб Торнтон.

escort - Korsan taksi