Аријана Гранде донираше милион долари: Заздравувањето не е лесно, но вреди да се потрудите

1 јули, 2021
ариана

Популарната пејачка Аријана Гранде реши да донира милион долари заради психолошка терапија, во соработка со компанијата BetterHelp.

Аријана смета дека психолошката терапија треба да биде достапна за секого, а не привилегија што ја имаат само одредени луѓе.

Со оваа постапка, пејачката сакаше да ги охрабри луѓето на кои им е потребна помош и да им каже дека не е срамота да се бара поддршка и совет од психолози и психијатри.

,,Се надевам дека ќе ја искористите оваа можност и ќе ја посетите страницата преку која ќе бидете поврзани со овластен психолог еден месец. Потоа ќе имате можност да ја обновите претплатата и да продолжите со терапија. Се надевам дека ова ќе биде корисна почетна точка и дека ќе направите простор за ова во вашиот живот. Заздравувањето не е лесно, но вреди да се вложи труд и време. Му благодарам на BetterHelp и едвај чекам да направиме повеќе работи заедно” – напиша пејачката.

Патем, компанијата со која пејачката го презеде овој потфат, BetterHelp, е портал кој им овозможува на посетителите директен пристап до услугите за ментално здравје. Тие обезбедуваат психолошка терапија преку Интернет, телефонски повици или пораки.

escort - Korsan taksi