Бајковитата венчавка на Лили Колинс

10 септември, 2021
241303401_115329380866338_8903538440246164198_n-790x527 (1)

Лили Колинс привремено ги смени улиците на Париз за американската дивина, за да му каже „да“ на својот вереник, режисерот Чарли Мекдауел. Актерката, најпозната по улогата на Емили во серијата „Емили во Париз“ чија втора сезона се очекува наскоро, носеше венчаница на Ралф Лорен, една од ретките со потпис на дизајнерката, вклучувајќи ја и онаа што Пријанка Чопра ја носеше на нејзината венчавка.

На фустанот со јака, Лили ја крена фризурата во едноставна ниска пунџа и носеше накит на Ајрин Новирт и минимална шминка. Наместо класичен превез, таа избра чипкана наметка со качулка за церемонијата. И младоженецот носеше креација на Ралф Лорен – кадифено кафеав костум и машна со вратоврска.

Лили и Чарли се венчаа по една година свршувачка во планинското одморалиште Дантон Хот Спрингс. Некогаш напуштениот град се претвори во луксузно одморалиште за многу познати личности, тоа беше живописна глетка за оваа романтична пригода, која Лили ја опиша како „бајка што сега е нејзина реалност“.

escort - Korsan taksi