БАКНЕЖ под МАСКИ и каубојски стил: Џенифер Лопез и Бен пристигнаа на МЕТ ГАЛАТА

14 септември, 2021
327780_profimedia0632005258_ff

Одржана е Мет Гала 2021 година и светски познатите sвезди пристигнаа за оваа престижна вечер со стил – вклучувајќи ја, се разбира, и Џенифер Лопез!

Синоќа, во познатиот музеј на уметноста во Њујорк – Метрополитен – се орджа Мет Галата, моден настан на кој присуствува цел крем џет –сет и светската елита! Поканата за Мет Гала значи престиж, а за модните комбинации од настанот се зборува со години! Сетете се само на Ким Кардашијан и нејзиниот познат стајлинг од 2019 година.

Една од дивите кои обезбедија рана покана за овогодинешната Мет Гала беше Џенифер Лопез, која не го пропушта овој спектакл од 2004 година.

По пристигнувањето во Њујорк, по престојот во Венеција, Џеј Ло се појави на МТВ наградите на за да ја додели наградата на Оливија Родриго. Сепак, она што се чекаше дефинитивно беше нејзиното појавување на Мет Галата – и нејзиниот стајлинг и јавен бакнеж со Бен Афлек, старо -новиот дечко, со кого таа е неразделна откако се смирија.

Бен и Џенифер, или Бенифер, беа фотографирани заедно на црвениот тепих и двајцата носеа маски, во согласност со прописите и ја одржуваа безбедноста за време на се уште преовладувачката пандемија на корона вирусот. Застанаа да позираат за новинарите, а една од највпечатливите фотографии е сцената каде Џеј Ло и Бен се бакнуваат – со маски!

Инаку, темата на оваа Мет Гала беше американската независност, а обожавателите и модните критичари тврдат дека Џенифер одговорила на темата, и дека стајлингот не можел да биде поамерикански од ова. Носеше стајлинг инспириран од Дивиот Запад; носеше долг кафеав фустан потпишан од Ралф Лорен, со изразено деколте, појас во каубојски стил, детали во форма на пердуви, но и длабок шлиц од предната страна што ги откри нејзините нозе, додека задниот дел на фустанот имаше својствен шлеп. Како вистинска каубојка, Џеј Ло носеше и капа, а целото издание го заврши со сребрен накит и сребрени сандали.

escort - Korsan taksi