Балони и момче во долна облека: Никол Шерцингер никогаш не сонувала за ваква честитка за Денот на вљубените

15 февруари, 2021
tom-evans-nikol-830x0

Момент кој Никол мораше да го сподели со Светот

Членката на „The Pussycat Dolls“, Никол Шерцингер веќе на големо е во врска со поранешниот рагбист Том Еванс. Тие се многу хармоничен пар, што покажуваат од ден на ден.

Том реши да ја изненади својата поубава половина за Денот на вљубените на необичен начин.

Имено, тој ја преполни кујнската маса со подароци, балони, вино, слатки, но најмногу внимание привлече еден детал.

Имено, Том беше во црвена долна облека, што и Никол ја сликаше.

– Се разбуди со интерпретативен танц проследен со шолја чај. Среќен ден на вљубените! Без разлика дали се сакате себе си или некој друг, запомнете дека сте сакани и имате благословен ден – напиша Шерцингер.

escort - Korsan taksi