БЕКАМОВИ ИМААТ ПРИЧИНА ЗА СЛАВЕЊЕ: Викторија се пофали со прекрасни вести

1 септември, 2021
david-beckham-instagram

Семејството Бекам денеска го слави 19 -тиот роденден на Ромео

„Среќен роденден Ромео Бекам! Не ми се верува дека веќе имаш 19 години! Те сакаме неизмерно“, напиша модната дизајнерка и поранешна пејачка Викторија Бекам на својот профил на Инстаграм со фотографија на која позира со нејзиниот сопруг Дејвид и нивниот славеник.

Стотици нејзини следбеници се придружија на честитките, но не им требаше многу време на луѓето да ја забележат неверојатната сличност помеѓу Ромео и Џастин Бибер.

„Мислев дека е Џастин!“, „Мислев дека ставила фотографија со Бибер“, се само некои од коментарите на следбениците кои ја забележаа сличноста, откако Ромео одлучи да ја обои косата во средината на мај, поради што го задеваше дури и неговиот татко Дејвид.

Познатото семејство, вклучително и 21-годишниот Бруклин, 15-годишниот Круз и деветгодишната Харпер Севен, редовно споделуваат авантури и важни моменти од секојдневниот живот со фановите.

escort - Korsan taksi