БЕЛА ХАДИД СО ГОЛИ ГРАДИ НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ: Ги покри само со ѓердан, луѓето не можат да го тргнат погледот од неа! (ФОТО)

12 јули, 2021
Bela-Hadid

Бела Хадид секогаш знае како да привлече внимание. 24-годишниот модел мамеше погледи во впечатлив стајлинг на премиерата на „Three Floors“ на Канскиот филмски фестивал.

Црниот фустан со огромен накит на градите е дел од колекцијата висока мода есен/зима 2021 на Schiaparelli. Златниот моден додаток е дело на дизајнерот Даниел Роузбери и е инспирирано од белите дробови.