„БЕШЕ ПРИЛИЧНО СТРАШНО!“ Девојката на Илон Маск завршила во болница по заедничкиот настап во „Saturday Night Live“!

12 мај, 2021
BILO-JE-STRASNO-660x450

Неделата во која милијардерот Илон Маск замина на проби за сатиричното шоу „Saturday Night Live“ не ѝ дојде баш добро на неговата девојка, идејната уметничка и музичарка Грајмс, која се појави во шоуто со своето славно момче во еден од скечовите.

Два дена по стресниот настап, Грајмс имаше паничен напад и заврши во болница, за што ги извести своите следбеници на Instagram.

„Заборавив да ги објавам овие фотографии затоа што некако си предизвикав напад на паника и завршив во болницата вчера. Да бидам искрена, беше прилично застрашувачко, претпоставувам дека е добро време да се започне со терапија “, напиша Грајмс заедно со фотографијата со Мајли Сајрус која се појави во емисијата како музички гостин.

„Благодарна сум на шоу тимот што ми овозможи да се прикрадам и многу сум горда на мојот прекрасен И. Знам дека ова ќе ги вознемири моите фанови и однапред се извинувам, но тој „искина““, заклучи таа.

За потсетување, во популарното „Saturday Night Live“, Елон Маск настапи како специјален гостин, што налути многу актери од главната екипа и тие одбија да настапат со него, главно поради неговите неточни најави за пандемијата и вакцината.

escort - Korsan taksi