„БЕШЕ СТРАШНО СЛАДОК!“ Позната актерка со шокантно признание! Излегувала со маж осуден за брутално силување и убиство!

17 април, 2021
432291_bez-naslova_f

Одговарајќи на прашања на обожавателите на Twitter, актерката Патриша Аркет (53) откри дека излегла на состанок со маж осуден за брутално силување и убиство на девојче

Имено, станува збор за поранешен професионален лизгач Марко Роговски (54), а неговата жртва се викала Џесика Бергстен.

– Тој беше ужасно симпатичен, спортист, се дружеше со моите пријатели … Но, нашиот втор состанок беше малку чуден … Се смувавме, но кога ме бакна толку агресивно, едноставно ме исплаши … – напишала Аркет

– На крајот од состанокот намерно му дадов погрешен телефонски број. Години подоцна, дознав дека тој ја убил својата девојка. Поентата на оваа приказна е – секогаш верувајте им на своите инстинкти. И ќерка ми знае да ми се пожали дека порано бев премногу заштитнички настроена! – додаде Патриша.

Марк беше популарен во осумдесеттите години од минатиот век, но поради проблеми со алкохолот, неговата кариера отиде надолу. Откако раскина со тогашната девојка Бренди Меклејн, која го обвини за семејно насилство за време на врската, тој започна да ѝ се заканува на неа и на нејзиното ново момче.

Џесика Бергстен беше добра пријателка на неговата девојка. Таа, наводно, не била во романтична врска со лизгачот, но во 1991 година, Роговски ја однел на турнеја низ Сан Диего, по што исчезнала. Атлетичарот подоцна признал дека ја удрил во задниот дел од главата со метален предмет, ја врзал за креветот, ја силувал и ја убил. Тој го закопал нејзиното тело во пустина, а кога полицијата го пронашла, веќе се распаѓало, што го оневозможи првично да ја идентификува. Таа имала само 22 години.

Скејтбордерот го признал своето дело пред пријател во кој верувал, кој го убедил да замине во полиција, а Марк го сторил тоа на крајот.

Тој беше осуден на доживотен затвор со можност за помилување по 31 година. Одборот за условно ослободување во 2019 година побара негово ослободување, но гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом го одби барањето. Роговски може да поднесе ново барање за условно ослободување во 2023 година.

escort - Korsan taksi