БЕЗ МАКЕДОНСКОТО, НО СО БОИТЕ НА БУГАРСКОТО ЗНАМЕ, ГАРВАНЛИЕВ ЌЕ ОДИ НА ЕВРОВИЗИЈА

12 март, 2021
bez makedonskoto zname

Како скандалозен може да се оцени евровизискиот спот на Република Македонија за песната “Here i stand” на струмичанецот Васил Гарванлиев кој оваа година ќе ја претставува нашата земја на изборот за најдобра песна во Европа, односно на Евровизија која ќе се оддржи во Ротердам, Холандија.

Имено, откако минатата година поради ковид пандемијата манифестацијата за избор на најдобра песна во Европа беше одложена, а на која Васил требаше да настапи со песната “You” и за која сними спот во кафе барот „Черчил“ во Скопје, оваа година приказната е сосема поинаква, а одредени кадри од видео записот во јавноста предизвикаа негативни реакции.

Имено во спотот, во еден од кадрите кој трае околу пет секунди во позадината на Васил Гарванлиев се појавуваат боите на бугарското знаме односно белата, зелената и црвената вертикално поставени на ѕид. Ова целосно кореспондира со боите на знамето на нашиот источен сосед, разликата е само во тоа што во официјалниот симбол односно бугарското знаме истите се по хоризонтален редослед.

Воедно, речиси ниту еден момент од спотот не асоцира дека станува збор за претставник од Република Македонија, имајќи го во предвид фактот дека најголемиот број од песните и спотовите на претставниците на Евровизија се во насока на промоција на нивните држави, ниту пак некаде може да се забележи македонското знаме.

Преземено од muzika24.mk

escort - Korsan taksi