Без шминка, со седа коса и темни кругови околу очите: Позната латино убавица покажа како НАВИСТИНА изгледа (ВИДЕО)

5 септември, 2021
Eva-Longoria-Shutterstock

Нема проблем да покаже како изгледа во домашно издание

Актерката Ева Лонгорија, најпозната по улогата на Габи во хит серијата „Очајни домаќинки“, неодамна ги воодушеви своите следбеници со интересно видео.

Имено, славната актерка сними кратко видео за време на кое нејзините обожаватели можеа да видат како изгледа во сосема природна верзија.

Впрочем, Ева самоуверено покажа дека дури и таа, која важи за една од најубавите жени на Светот, може да изгледа сосема „обично“ без „дотерување“.

На видеото, таа покажа дека има темни кругови без шминка, покажа сед израсток, како и неуредна коса.

Многумина ѝ се заблагодарија во коментарите за искреноста и храброста што малку познати личности би се осмелиле.