Бибер ја избричи главата откако навивачите го нападнаа заради суканиците, но сега е критикуван и за тоа

27 мај, 2021
biber ja izbrici kosata

Канадскиот пејач Џастин Бибер (27) на социјалните мрежи објави нова фотографија на која позира со кратко потстрижена коса, откако со недели имаше суканици.
Имено, обожавателите на Бибер го нападнаа пејачот затоа што не го разбрал историскиот контекст на оваа фризура и сметаат дека културите не треба да се мешаат, па затоа и тој не треба да носи суканици.

Ти благодарам што се потстрижа. Изгледаш одлично“ – му пишуваат оние кои жестоко го нападнаа поради, како што велат, културолошките присвојувања.

Фотографијата собра 6,3 милиони лајкови за рекордно време.

Се потстрижа! Навистина ми се допаѓа новата фризура“ – се согласија повеќето фанови.

Некои не го делеа истото мислење, бидејќи не ја сметаат фризурата за проблематична:

Не требаше да ја истрижиш косата“ – напишаа многумина.

Зборот „dreadlocks“ потекнува од зборот „dread“ што значи „закана“ или „dreadful“ што значи „страшно“ и се верува дека тие го користеле тој збор во минатото кога опишувале мат фризури на домородци со негативна конотација.

escort - Korsan taksi