Бибер наполни 27 години: Љубовта со Селена беше фатална, заработи милиони, но сега има нов стил!

1 март, 2021
pjimage-3

Тинејџерите лудуваа по песните на Џастин, тој беше зачуден од тоа колку многу го сакаат луѓето и знаеше како да троши пари на глупости. Но, како што заклучи и самиот, тој е дете, трошеше на работи што другите деца би ги купиле

Џастин Бибер имал 12 години кога бил откриен во мал град во Канада од Скутер Браун, младински организатор на забави кој налетал на неговите видеа на Интернет. Тој ја убедил мајката на Џастин да го пушти нејзиниот син да замине во Атланта и една недела подоцна, барем така пишуваат странските медиуми, Џастин пеел со Ашер.

Бибер не стана славен преку ноќ, но за само неколку недели луѓето го препознаа, а помогна и фактот дека беше на светска турнеја со Тејлор Свифт. За него беше чудно да пее пред илјадници фанови кои врескаат по неговото име и ја знаат секоја песна од збор до збор.

До 15-годишна возраст, тој добил бројни понуди за брак, а девојчињата го следеле секој негов чекор. Денес, 1 март, се одбележува денот на обожавателите на Џастин наречени „Белибери“, а причината за ова е роденденот на Џастин. Денес Бибер наполни 27 години. Тој веќе не пее „слатки песнички“, тој го помина тоа, па сега во неговите песни зборува за убавината на животот, љубовта, пијанството и знае како да се извини кога ќе погреши и праша ако е доцна да се каже „Sorry“. Тој исто така пушти мустаќи и често ја фарба косата, па може да се каже дека го смени и имиџот.

Иако денес е во среќен брак со манекенката Хејли Болдвин Бибер (24), Џастин се забавуваше со пејачката Селена Гомез (28) од 2011 до 2014 година. И оваа славна врска беше полна со подеми, падови и препукувања преку социјалните мрежи. Ќе раскинеа и ќе се смиреа.

Бидејќи тие се постојано во исти кругови, често се гледаа и секогаш остануваа во добри односи, па само ја обноваа својата стара љубов. Странските медиуми пишуваа дека тие беа накратко повторно заедно во 2017 година, но тогаш се случи дефинитивното „збогум“.

По повод неговиот роденден, тој сподели фотографија со своите следбеници додека беше бебе и доби еден куп честитки и добри желби. Му посакаа следниот роденден да ги дува свеќичките на тортата со бебе во рацете.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris