Били Ајлиш како Мерилин Монро: Тинејџерската ѕвезда на „Мет Гала“ се појави во најгламурозно издание досега

15 септември, 2021
били-ајлиш-1

Како и секое претходно издание на најгламурозната модна вечер, славните личности беа буквално во трка на оригинални модни изданија. Престижниот моден настан што традиционално го организира списанието „Вог“, собра многу познати личности од светот на модата и шоу – бизнисот.

Најпопуларната тинејџерска ѕвезда Били Ајлиш овој пат се појави во најгламурозно издание досега, во впечатлив кремаст фустан на Оскар де ла Рента, инспириран од Мерилин Монро.

Девојката која е препознатлива по својот стил на облекување во широка и комотна облека која не открува ниту еден ден од нејзиното тело овојпат ги изненади своите обожаватели кои беа воодушевени од изгледот на младата пејачка.

Ајлиш неодамна зборуваше искрено за внатрешните борби што ги има за перцепцијата на сопственото тело во интервју со „The Guardian“. 19-годишната пејачка се отвори за тоа како го доживува своето тело секојдневно и каков ефект имаат социјалните мрежи врз тие чувства.