БИВШИОТ НА РИЈАНА ЈА САКА КИМ: „Не сакам да бидам добар како Канје, сакам да бидам подобар“

19 март, 2021
Untitled-collage-4

Раперот одамна и фрлил око на ријалити вездата

Уште кога беше објавено дека 40-годишната ријалити sвезда Ким Кардашијан официјално поднесе барање за развод од 41-годишниот рапер Канје Вест, 34-годишниот рапер Дрејк, познат и по врската со пејачката Ријана, не престанува да и испраќа пораки. Оваа информација ја потврди неименуван извор за списанието „Heat“. ‘Дрејк никогаш не можеше да разбере што видела Ким во Канје. Со години велеше дека не е вистинскиот човек за неа и дека сè ќе заврши во солзи. Се изненадил од тоа колку време и требало за да го сфати ова и почна да и испраќа пораки во моментот кога виде дека разводот е неизбежен, велат.

Ким, наводно, сè уште не е подготвена за нова врска. „Таа е претпазлива и не сака брзо да се меша со некого пред официјалниот развод“. Да се отсетиме, Ким поднесе барање за развод на почетокот на февруари по седум години брак со Канје со кого има четири деца, седумгодишната Норт, петгодишниот Сеинт, тригодишната Чикаго и двегодишниот Псалм.

И токму Канје ќе биде најмалку воодушевен доколку се покажат точни информациите за Дрејк и Ким. Имено, тие двајца одамна се пријатели. Дрејк дури во 2009 година изјави дека има голема почит кон Канје. „Дури би отишол до таму што би рекол дека тој е највлијателната личност меѓу музичарите“, рече тој во тоа време. Сепак, нивното пријателство се расипа, а две години подоцна Дрејк изјави дека целта му е да биде подобар од Вест. ‘Не сакам да бидам добар како Канје. Сакам да бидам подобар ’. Наскоро реагираше и Канје, кој на Твитер изјави дека Дрејк му се заканил.

escort - Korsan taksi