БЛАЗЕ СИ Ѝ: Џорџина на Роналдо покажа во каков луксуз живее!

9 мај, 2021
12345

Еден од најпознатите фудбалери во светот, 36-годишниот Кристијано Роналдо и неговата девет години помлада свршеница Џорџина Родригез живеат луксузен начин на живот за кој фантазираат луѓето ширум светот. Десетина автомобили пред луксузна вила, милиони на сметка и приватни авиони се дел од нивниот секојдневен живот.

Иако поради пандемијата на коронавирусот, многу светски лица во моментов не патуваат, Кристијано и Џорџина секој слободен момент го поминуваат уживајќи, па со приватниот авион патуваат до саканата дестинација. Секако, убавата аргентинка секој ден се фали со својот луксузен начин на живот на социјалните мрежи, а многу следбеници коментираат дека и завидуваат. Фановите не пропуштија ниту еден моден детал на последната фотографија. Тоа е модниот додаток на Џорџина, популарната торба Хермес Биркин, за која оваа убавица искешира околу 20 000 евра.

christiano ronaldo georgina

Пред неколку месеци странските медиуми пишуваа дека Роналдо и дава на својата „поубава половина“ месечен џепарац од 100 000 евра. Сепак, Џорџина стана планетарно популарна поради врската со славниот фудбалер, па наводно на Инстаграм заработува „вртоглава“ фигура.

Патем, овој пар отворено покажува колку ужива во луксузот. Џорџина, на пример, има најмалку шест чанти Хермес Биркин кои беа прогласени за инвестиција вредна повеќе од златото пред четири години. Цените на овие торби генерално се движат од 8 до 10 илјади евра, но исто така и до неколку стотици илјади во случај на персонализирани копии.

ronaldo i georgina

Да потсетиме, Роналдо и Џорџина се во врска од 2016 година, а се запознаа на забава на модниот бренд Долче и Габана. Таа во тоа време работеше во познатата продавница Диор во Мадрид како продавачка, но по средбата со фудбалерот, Џорџина поднесе оставка и се посвети на семејството и модната кариера. Во тригодишна врска, двојката имаше и ќерка, двегодишната Алана Мартин и заедно ги воспитуваат трите деца на Кристијано, осумгодишен син и имењачките тригодишните близначки Ева Марија и Матеа, кои ги роди сурогат мајка.