БОЈА НА СТРАСТ, ЧЕВЛИ ОД ФАНТАЗИЈАТА И СОВРШЕНИ ОБЛИНИ: Бијонсе ја откри жешката комбинација за романтичниот состанок со Џеј Зи

17 февруари, 2021
277613_profimedia0475694812_ff

Познатата пејакач и рапер Денот на вљубените го одбележа со вечера за двајца, а R’n’B дивата  подготви специјален стајлинг за оваа пригода …

Пејачката Бијонсе и раперот Џеј Зи се венчаа во 2008 година, па дури и по толку години љубов, три деца и бројни турбуленции повторно и повторно ни покажуваат дека сепак се сакаат како на првиот ден.

Покрај тоа што се родители и деловни соработници, и во музиката и во бизнисот, Бијонсе и Џеј Зи успеваат да се посветат и на романтичната страна на нивната врска, па во ретки прилики кога папараците успеваат да ги снимат, имаме можност да ги видиме на романтичен состанок, ручеци и вечери.

За време на нивното излегување на Денот на вљубените, новинарите успеаја да ги следат и да ги фотографираат во придружба на обезбедувањето, додека парот се обидуваше да ги сокрие своите лица.

Сепак, пред тоа, пејачката сподели со обожавателите каков стил избра за оваа пригода, како дел од видео честитката на денот посветен на љубовта, со која откри како се одвива Денот на вљубените во нејзиниот дом.

Бијонсе објави фотографија на Instagram на која позираше во класична бела кошула, црвено кожено мини здолниште, а во истата нијанса се и високите потпетици и очила за сонце што ги понесе. Пејачката го заврши овој изглед со црвена торба со златен ланец и црвен лак, додека ја остави косата да паѓа во бранови. Таа не беше умерена во изборот на накит, така што има дијамантски чокер со многу впечатливи обесени обетки.

escort - Korsan taksi