БОМБА ВО 6-ТАТА ДЕЦЕНИЈА: Славната глумица се СОБЛЕЧЕ во бикини и го покажа бруталното тело!

17 мај, 2021
screenshot_from_2021-05-16_19-01-35

Британската актерка Елизабет Харли (55) е една од оние кои изгледаат „како да не остареле“ и никогаш не ѝ е непријатно да се разголува пред камерата.

Имено, нејзината последна објава на нејзиниот Инстаграм профил предизвика воодушевување од нејзините следбеници затоа што сите се прашуваат како е можно да изгледа толку добро дури и на 56 години и дека има неверојатно тело на кое можат да и позавидат дури и двапати помладите колешки.

Елизабет позираше пред огледало и направи селфи во минијатурно бикини, а многумина ги воодушеви со својот изглед.

Затоа многумина сè уште се прашуваат како уште во 1995 година, актерот Хју Грант, со кого таа тогаш беше во врска, беше фатен како има секс во автомобил со проститутката Девин Браун, која подоцна стана многу богата раскажувајќи ја нивната средба на таблоидите .

Потоа беше осуден за недолично однесување во јавноста, одлежа две години условна казна и мораше да помине образование за СИДА. Иако на никого не му беше јасно зошто мора да плати за секс покрај убавата Елизабета, на актерот му беше простено сè кога по скандалот со месеци доаѓаше во разни емисии и тврдеше дека знаел дека направил нешто многу лошо.

И покрај сè што му се случи на Хју, Елизабет остана цело време додека приказната за неговата прељуба беше во центарот на вниманието на медиумите. Тие раскинаа дури во 2000 година, а денес се најдобри пријатели. Актерот е дури и кум на нејзиниот син Демијан, кого го доби во врска со продуцентот Стив Бинг.

Освен фотографијата во бикини, Елизабет објави и фотографија во светкав топ под која немаше градник и напиша дека се надева дека ова е последниот викенд што го поминува дома по долгата изолација во Велика Британија.

Изолацијата ја помина со нејзиниот 19-годишен син Демијан, кој е нејзината „слика и прилика“, 80-годишната мајка Ангела и постарата сестра Кејт во луксузна вила вредна 6 милиони фунти.