Брачната идила на Ване Цветанов и Дунавка – „во оставка“: Функционерот на Фејсбук разводот го најави, мисицата веднаш се огласи, па соодветно му возврати (ФОТО)

23 јуни, 2021
dunavka i vane

Брачната идила на Ване Цветанов и Дунавка – „во оставка“: Функционерот на Фејсбук разводот го најави, мисицата веднаш се огласи, па соодветно му возврати (ФОТО)

Таман помисливме дека со Робет и Агнеса ќе завршат холивудските разводи во Македонија, произлезени од политичко – естрадните бракови од „љубов на прв поглед“, најчесто на џебот, кога еве нова „сапуница“ со несреќен крај?!

Како што бомбастично одекна веста кога влегоа во романса македонскиот владин функционер Ване Цветанов и мисицата Дунавка Трифуновска, така сега уште поексплозивно одекна најавата за нивниот развод. Две сродни души од два различни света, на кои таман помисливме дека љубовта им цвета, таа набрзина им прецвета, па експресно овена. До душа оние кои ги познаваат уште при веста за нивната „спојка“ тврдеа дека Ване и Дунавка или ќе траат довека или љубовта ќе им заврши побрзо и од короната… И така бидна!

Иако разделбата веројатно се крчкала оддамна зад затворени врати, прв кој ја отвори портата од нивната приватност за да ја соопшти „тажната вест“, беше функционерот.

Имено, Ване Цветанов, владиниот функционер на последна функција – претседател на „Советот за унапредување и надзор на ревизијата“ на Република Македонија, не успеа ниту да го унапреди, надгледува, ниту да го ревидира својот брак, па по пет месеци брачна идила помеѓу него и Дунавка, бракот заврши „во оставка“!  Со развод, кој Цветанов го најави јавно, на својот Фејсбук профил со неколку реда образложение за ситуацијата, исто онака, како што функционерите тоа го прават кога ќе „паднат“ од функцијата:

„Почитувани пријатели,
како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна,
така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна.Дунавка е прекрасна личност,искрено и ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува.
Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене.
Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај.
За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш…
Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена,а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца.
Здравје од Бога,во септември се гледаме со огромни институционални успеси“ – напиша Цветанов на Фејсбук.

Образложението на Цветанов баш онака „политички исфилувано“, без конкретни причини за „каде пукнала тиквата“, каде лежат недоразбирањата и ненепомирливите разлики за таква леснотија на разводот? Ѓеомити претходно кариерата не ја терал, или ја терал „површно“, ако сега веќе решил да ѝ се посвети „целосно“, како што самиот вели. Веројатно не ќе да е (само) до кариерата, зашто не помина долго време кога ете ја, се огласи и понежната половина на доскорешната функционерско-естрадна љубовна двојка – мис Дунавка:

„Иако #ФБ не е медиум за мене, како и злоупотреба на моето име во одредени статуси со цел да бидат сензационалистички е одобрен, моите одлуки се истите што ги донесов во јуни минатата година.
Истата сум и јас.
Мојата одлука дека минатото не треба да ги „пушта ларви“ во сегашноста, а ни малку да биде „едно“ со иднината, кога  ќе биде испочитувано, тогаш можеме да гледаме други епизоди “.
До тогаш, господинот треба да им се посвети на своите обврски, неговите функции и своите деца.
Дали тоа ќе го направиме тоа во локален, европски стил или погубно во идејата „како што вели мама …“ е личен избор.
Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да знае да ги постави своите државнчки интереси пред личните.
Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година. Тоа е мојот став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајно закажана средба од негова страна, на која не бев информирана дека  ќе биде присутен!
Јас тајни немам.
Чувам туѓи тајни, го правам тоа маестрално.
Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците, за да го имаш сонцето“ – го возврати „ Фејсбук ударот “ Дунавка и утрово одлета во непознат правец. Судејќи според авиокомпанијата – некаде на море… најверојатно на Црногорското крајбрежје!

Расплетот ја доживува својата катарза, најверојатно пред да стапи постбрачното затишје на уште една „љубовна бура“ на две македонски јавни личности.

Можеби во  крајот на „љубовната рапсодија“, на сега веќе бившите љубовници Ване и Дунавка, некој ќе најде и нешто што ќе го заинтригира: Мисицата е одново… соло!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi