Бракоразводната парница на годината е при крај, Ким и Канје се договорија околу деталите за старателството

20 февруари, 2021
pjimage-2_o09OurK

Вест ќе може да ги гледа децата кога сака, но не во нивниот семеен дом од кој претходно се иселил. Иако Канје е законски сопственик на тој имот, Ким и децата ќе останат да живеат во него, а тој повеќе не е добредојден таму

Ријалити sвездата Ким Кардашијан (40) поднесе барање за развод од раперот Канје Вест (43). Канје и Ким повеќе не разговараат, но успеаја да најдат консензус околу старателството над децата преку адвокат. Тие уште треба да го поделат огромниот имот, но и двајцата покажаа желба да го решат ова пријателски и во интерес на децата.

Познатиот рапер ќе може да ги гледа децата кога сака, но не во нивната семејна куќа од која претходно се иселил и се затворил во неговиот огромен, луксузен ранч во Вајоминг. Иако Канје е законски сопственик на тој имот, Ким и децата ќе останат да живеат во него.

Извори блиски до парот велат дека работата е завршена и дека и двајцата ќе ги потпишат документите веднаш штом ќе се договорат за сите детали. Канје долго време веруваше дека постои можност Ким да му се врати, но во последно време се откажа од таа идеја, тврди изворот.

Бракоразводната парница завршуваше со години, а по бурната врска и неколкуте бизарни испади на Канје, раперот се врати во Лос Анџелес, се затвори во студио и се посвети на работата. Тој сака да биде тука за своите ќерки Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сент (5) и 1,5-годишниот Псалм, но децата ќе живеат со Ким.

escort - Korsan taksi