Бред и Анџелина остануваат во врска уште шест години?

3 април, 2021
Screenshot_64

Веста дека наскоро на 57-годишниот Бред Пит и 45-годишната Анџелина Џоли ќе им се суди за старателство над шест деца може да создаде впечаток дека разводот наскоро ќе заврши и дека двајцата актери ќе можат да продолжат понатаму со нивните животи. Но, правните експерти се скептични за ваквиот исход, бидејќи бракоразводната парница меѓу Џоли и Пит трае повеќе од четири години, а споровите околу старателството над нивните деца и поделбата на имотот, вклучително и францускиот замок, може да се одолговлечат за друг шест години.

Angelina Jolie

Ова е затоа што Пит и Џоли имаат доволно пари да продолжат да плаќаат на адвокатите и затоа што Џоли изгледа решена да го спречи Пит да добие половина старателство над децата. Да потсетиме, Џоли неодамна изјави дека е подготвена да понуди докази дека Пит бил физички насилен кон децата. Адвокатката за развод од Лос Анџелес, Кели Чанг Рикерт, за Дејли Меил изјави дека Пит и Џоли веројатно веќе потрошиле најмалку 1 милион американски долари како правни трошоци. „Се случува повеќе од четири години, па дефинитивно е еден од најдолгите случаи на славни што сме ги виделе“, рече Рикерт.

brad pitt

Фактот дека Џоли веќе помина низ неколку различни адвокати е „индикација дека актерката не е подготвена да се откаже“, додаде Рикерт. Инаку, Анџелина Џоли и Бред Пит се родители на посвоените 19-годишен Медокс, 16-годишниот Пакс и 15-годишната Захара и нивните биолошки деца, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен. Медокс веќе сведочеше и рече не толку ласкави работи за неговиот татко.

Но, Медокс е возрасен, па конфликтите за старателство остануваат над другите пет деца. Бидејќи најмладите се 12-годишни близнаци, Рикерт рече дека битката за старателство може да продолжи уште шест години се додека не наполнат 18 години. „Полошо е кога луѓето имаат пари затоа што само ќе продолжат да се борат. На другите луѓе им снемува пари, но Анџелина има начин како сè уште да плаќа адвокати. Се чини дека Анџелина мисли дека може да добие стопроцентно старателство над децата, но тоа не е случај. Таа може да продолжи да плаќа милиони и милиони, но сè додека Бред сака старателство и се бори за тоа, таа ќе мора да го дели“, објасни Рикерт.

escort - Korsan taksi