Бремената Емили Ратајковски повторно се соблече гола!

3 март, 2021
Screenshot_20210303_152222
Манекенката е во 36-та недела од бременоста, а на Инстаграм објави серија фотографии на кои позираше „како од мајка родена“. Таа гордо го истакна трудничкиот стомак

Додека полека одбројува до доаѓањето на првото дете, манекенката Емили Ратајковски (29) го користи секој момент да ги одбележи деновите на бременоста. Таа инаку е позната по објавувањето голи фотографии на социјалните мрежи, така што не се разликува дури и додека е во „блажена состојба“.



Ова не е прв пат Емили да позира во вакво издание, но сега отиде чекор подалеку и покрај стомакот ги покажа градите и задникот. Нејзините следбеници во коментарите напишаа дека изгледа божествено и дека и стои бременоста. Но, имаше и такви што ги изненади со вакви фотографии.
 - Ти гориш, ти си вистински оган, се некои од коментарите.

Ги покри градите со рацете и заводливо погледна во камерата. И покрај бременоста, Емили ја задржа линијата на која и завидуваат многу нејзини обожаватели.

Бременоста манекенката ја откри во соработка со списанието Вог за кое беше фотографирана и напиша колумна во која се осврна на мајчинството. Нејзиниот термин е на средината на март, а таа за Вог изјави дека нема да го открие полот на детето.
- Кога сопругот и јас ќе кажеме за бременоста, по честитките сите прашуваат дали знаеме што сакаме. Ние им кажуваме дека не сакаме да го знаеме полот додека нашето дете не наполни 18 години и дека тогаш тоа ќе ни каже. Сите се смеат на тоа - рече таа.