Британски таблоид треба да ѝ плати 450.000 фунти на Меган Маркл за судски трошоци

3 март, 2021
000_93D32K-750x500

Уредникот на „Mail on Sunday“, британски таблоид кој ја наруши приватноста на Меган Маркл објавувајќи го своето писмо до нејзиниот татко, треба да ѝ плати на сопругата на принцот Хари 450.000 фунти (520.000 евра) како судски трошоци, откако неодамна победи во судскиoт спор.

На рочиштето одржано во вторникот преку видео конференција, судијата Марк Ворби ѝ наложи на групата Associated Newspapers да плати 450.000 фунти за да ги покријат судските трошоци. Адвокатот на војвотката од Сасекс, Иан Мил, побара 750.000 фунти.

Адвокатите на весникот рекоа дека имаат намера да ја обжалат пресудата, а адвокатите на поранешната актерка побараа да се објави јавно извинување на насловната страница на весникот по изрекувањето на пресудата минатиот месец.

Поранешната американска актерка ги тужи Associated Newspapers, кои ги објавуваат Mail Online, Daily Mail и неделната верзија Mail on Sunday, за нарушување на приватноста со издавање делови од ракописно писмо што го испратила во август 2018 година на нејзиниот татко Томас Маркл, 76, со кого таа е во напнати односи. Таблоидот го објави писмото во 2019 година.

Писмото го напишала неколку месеци по венчавката со Хари, на која нејзиниот татко не присуствувал поради здравствени проблеми. Во писмото, таа го замолила својот татко да престане да ги лаже медиумите дека војводата и војвотката од Сасекс наводно ја прекинале врската.

Интервју со принцот Хари и неговата сопруга Меган со Опра Винфри ќе се емитува во Америка во недела на 7-ми март.

Тоа е првото ТВ-интервју што војводата и војвотката од Сасекс го дадоа за медиумите откако се преселија во Калифорнија минатата година.

Пред овој потег, парот се пожали на односот на британските таблоиди кон Меган, чиј татко е бел, а мајка ѝе афроамериканка, а според нив, некои активности прераснале до ниво на вознемирување и расизам.

Бакингемската палата во февруари објави дека Хари и Меган веќе не можат да се враќаат на должноста како активни членови на британското кралско семејство.