БРИТИ СПИРС СЕ ВЕРИ, на раката и блеска ДИЈАМАНТСКИ ПРСТЕН: “Не можам да поверувам!” (ВИДЕО)

13 септември, 2021
414332_brtni7_f

Бритни и Сем се во врска од 2016 година, а се запознале кога тој учествуваше во нејзиниот спот за песната „Slumber Party“. Двајцата ја споделија добрата вест на социјалните мрежи

Двојката ја официјализираше својата долга врска денес и беа длабоко трогнати од поддршката, посветеноста и љубовта што ја добија, изјави Брендон Коен, менаџер на Сем Асгари, за „CNN“.

Бритни Спирс (38) се пофали со свршувачката на социјалните мрежи, а во видеото го покажа и прстенот.

– Види го ова. Дали ти се допаѓа? – прашува Сем во видеото, на што Бритни гласно одговара – Да!

– Не можам да поверувам – напиша таа во описот на видеото со кое стави и емотикони прстен.

Сем ја објави фотографијата на својот профил, на која среќниот пар се бакнува, но фокусот во неговиот случај беше вереничкиот прстен.

– Благодарам на сите што се грижат за предбрачниот договор. Секако дека ќе го потпишеме. Морам да го заштитам мојот џип и колекција чевли, ако еден ден таа одлучи да ме напушти – се пошегува приватниот тренер.

Бритни и Сем се во врска од 2016 година, а се запознале кога тој учествуваше во нејзиниот спот за песната „Slumber Party“. Оваа вест доаѓа неколку дена откако нејзиниот татко одлучи да се откаже од старателството над пејачката.