БРИТНИ СПИРИС ЈА ДОБИ СВОЈАТА СЛОБОДА, А СЕГА СИТЕ СЕ ПРАШУВАМЕ ДАЛИ ТОА БЕШЕ ПАМЕТНА ОДЛУКА!

11 септември, 2021
237319_britni-spirs_ls

Сите тажно затресуваа со главата од фактот дека татко и на Бритни Спирс одлучува за нејзината судбина, но сега таа е слободна жена и еве што прави.

Пред скоро три недели, Бритни Спирс ја доби својата слобода! Нејзиниот татко, Џејми Спирс (69), се согласи да отстапи од старателството над неговата ќерка. Старателството беше одредено откако Џејми побара од судот да го овласти да го следи животот на неговата ќерка во 2008 година, по нејзиниот нервен слом.

Од 2008 година до денес, Бритни беше под целосен надзор на нејзиниот татко, кој имаше целосна контрола врз нејзиниот имот.

Медиумите пишуваа дека Бритни немала право да вози, да оди на местата што ги сака, немала право да раѓа деца, но и дека добивала само џепарлак од вкупните пари што ги заработува.

Бритни велеше дека старателството е злоупотреба и дека сака да и се врати животот.

Сега Бритни е слободна жена! Но, како ја слави својата слобода: со разголени фотографии и видеа на социјалните мрежи.

Имено, пејачката прво ги покажа голите гради со цел да ги убеди своите следбеници дека нејзините гради се природни, а потоа тоа го направи со задникот.

“Еве едно видео за да можете да видите дека ова е мојот вистински задник, без филтри и фотошоп, се е реално. Псст, се снимам со селфи стап и секогаш ќе го правам тоа. Стои исправено, не одговара и екстремно е доверлив“ порача Бритни.

Овие нејзини објави одекнаа во медиумите. Сите сега се прашуваат дали е навистина мудро да и се дозволи на Бритни да прави што сака?! Дали е таа доволно психички здрава за тоа? Што и се случува сега?!