БРИЖИТ МАКРОН ВО СТАЈЛИНГ КОЈ ПОДМЛАДУВА БАРЕМ 10 ГОДИНИ: Совршено изгледа!

25 јуни, 2021
252319_profimedia0616983277_ls

Вчера на улиците на Париз владееше музика, а бројни концерти се одржаа во дворот на Елисејската палата, официјалната резиденција на францускиот претседател. Емануел и Брижит Макрон учествуваа на одбележувањето на Светскиот ден на музиката цел ден и уживаа во настапите на разни музичари.

За време на поздравниот говор на претседателот, првата дама беше облечена во класичната елегантна комбинација во која често ја гледаме.

Brižit Makron

Таа комбинираше миди фустан и палто во бело со салонки, но за вечерните концерти се одлучи за многу понеформално издание.

Да не беше белата јакна, нејзината втора комбинација би можеле да ја наречеме и спортска. Носеше обична бела маица и црн дуксер под сакото. Црните фармерки не се невообичаен избор за Брижит, која обожава да носи фармерки, но затоа изненади од изборот на патики што вообичаено не ги носи во официјални прилики.

Brižit Makron

Сепак, полесно е да танцувате во удобни чевли отколку во потпетици, а претседателот и првата дама едноставно не можеа да одолеат на заразните ритми што ги држеа на нозе до доцна во ноќта.

Оваа посекојдневна и помалку сериозна комбинација со додавање на спортски парчиња ја подмлади првата дама што сме навикнале да ја гледаме во строги и елегантни изданија.