ЦЕЛИОТ СВЕТ ВО НЕВЕРУВАЊЕ: Познат мултимилијардер се вери со 3 децении помлада, таа тврди дека ОВАА понуда не можела да ја одбие!

14 септември, 2021
258113_ampikapikston_ls

Ријалити sвездата, која се прослави во шоуто „Вистинските домаќинки на Чешир“, Ампика Пикстон (40), објави дека се верила со милијардерот Дејвид Саливен (72), поранешен сопственик на Дејли Меил и Сандеј Спортс.

Богатството на медиумскиот магнат беше проценето на повеќе од милијарда фунти, а тој ја запроси Ампика, 32 години помлада, на нејзиниот роденден. Патем, тие двајца се познаваат 10 години, но сега одлучија да се испробаат како љубовен пар.

Dejvid Saliven
  • Да, постојат големи разлики во возраста, но тие се заљубени. Тие ја криеја својата романса од почит кон сопствените деца и поранешни партнери, но тоа не може да се сокрие засекогаш. Дејвид ја запроси Ампика со прстен од 11 ипол карати. Без размислување таа се согласи, не можеше да одбие таква понуда – вели за таблоидите извор близок до парот.

Патем, Дејвид помина 25 години пред овој ангажман во врска со поранешната sвезда на филмови за возрасни, Ема Бентон Хју, која ја назначи на позицијата потпретседател на клубот Вест Хем.

Пред Дејвид, Ампика имаше свршеник – маж кога се криеше од јавноста и чиј идентитет никогаш не го откри. Таа ја раскина веридбата во 2018 година. Пред тоа, таа беше во брак со милијардерот Марк Пикстон, со кого има син.