„Црната пантерка“ влезе во модниот свет на 15 години, а на 51-годишна возраст сè уште парира со нејзините млади колешки

8 јануари, 2021
naomi-kembel-830x0

Наоми Кембел покажа тело по кое копнеат многу мажи

Англиската манекенка Наоми Кембел (50) објави нови фотографии на социјалната мрежа Instagram на кои позира во бикини на песок, а своите следбеници ги воодушеви со својот фантастичен изглед на 51 година.

Имено, таканаречената „Црна пантерка“, која влезе во светот на моделингот на 15-годишна возраст, сепак изгледа одлично за нејзината возраст, па многу жени ширум светот можат да ѝ завидат на нејзиното убаво тело и младешкото лице.

По тој повод, таа покажа завидна фигура во минијатурно бикини, а обожавателите веднаш открија дека тоа не се нови фотографии, туку се направени за време на нејзиното патување во Кенија.

Наоми скокна и се валка на топлиот песок, па покажа дека има совршено рамен стомак, убаво подигнато деколте и затегнати долги нозе со кои го освои светот.

– Убава си. Едноставно е невозможно да се биде подобар од тебе – ѝ напиша еден обожавател.

– Ти си навистина среќна на овие фотографии, тоа може да се види – додаде друг обожавател во коментарите.

– Најубава газела, газиш уште од 80-тите – напиша третиот обожавател.

Да потсетиме, убавата манекенка е родена во Лондон. Нејзината мајка е од Јамајка, но никогаш не го запознала својот татко. За време на нејзината врска со рускиот тајкун Владислав Доронин, таа стана верник во Руската православна црква, а сега го слави Божиќ на 7 јануари.

escort - Korsan taksi