ДАЛИ Е МОЖНО? По разголените фотографии, ПОБЕДНИКОТ НА ЕВРОВИЗИЈА повторно ИЗНЕНАДИ со изданието! Жените гледаат и не веруваат!

13 октомври, 2021
442959_screenshot-1_f

Дамиано Давид, фронтменот на италијанската група „Манескин“, постојано ја фрапира публиката со своите провокативни модни комбинации. Имавме можност да го видиме во штикли, здолништа, па дури и целосно гол.

Токму кога мислевме дека веќе ништо не може да не изненади, Дамиано не демантираше и објави фотографија на која не е ниту помалку ниту повеќе туку во костум.

Пејачот објави фотографија на која позира во сиво сако, црвена вратоврска и очила.

„Градот е во опасност“, порача Дамиано.

Навикнати сме ексцентричниот пејач да објавува разголени фотографии, но сигурни сме дека понежниот пол е воодушевен од ова модно издание.