Дали Габриела е онаа вистинската? Мајли останала со скршено срце…

7 март, 2021
Screenshot_1

Иако често може да се видат како се гушкаат и бакнуваат на плажите во Австралија, Лиам и Габриела сè уште немаат објавено заеднички фотографии на социјалните мрежи, што не значи дека нивната врска не е сериозна

Згодниот австралиски актер, 31-годишниот Лиам Хемсворт ужива во врска со осум години помладата манекенка Габриела Брукс. Ова го потврдија и последните фотографии направени на плажа во австралискиот град Бајрон Беј, каде беа со своите кучиња, поминувајќи време во пливање, спортски активности и прегратки.

23-годишната Габриела се чини влезе во животот на Лиам во вистинско време, веднаш откако почна да се опоравува од разводот со пејачката Мајли Сајрус. Двојката одлучи да се раздели само осум месеци по романтичната венчавка. Нивната врска беше обележана со турбуленции, тие раскинуваа и се смируваа неколку пати, а иако се чинеше дека со пловењето во брачните води конечно најдоа среќа еден во друг, се чини дека нивната љубовна идила беше предодредена на други адреси. Како што изгледа досега – Лиам ја најде покрај младата Габриел со која е од пред една година.