Дали ја препознавате раперката од фотографијата? Периката ѝ е пожарно портокалова, а на нозете има ОДВРАТНИ ОБУВКИ!

11 мај, 2021
карди би копита

Американската sвезда ги збуни сите со својот избор.

Таман ќе помислиме дека раперката Карди Би нема со што повеќе да нè изненади, на ум ќе ѝ падне уште една брилијантна идеја, која буквално го остава светот во неверување и чудење.

Карди има сè што другите немаат – абнормална харизма и луда енергија што само зрачи од неа.

Она по што сè уште е позната се нејзините чудни модни комбинации кои го шокираат светот.

Овој пат, нејзината комбинација на облека предизвика лавина коментари.

Првото нешто што сигурно го видовте беше нејзината огнено портокалова перика. Но, ако ги погледнете нејзините нозе, ќе забележите чудни чевли.

Нејзините чевли изгледаат како копита, а многумина негативно го коментираат нејзиниот избор.

„Какви се овие копита?“, „Страшни чевли“, „Што е тоа?“, „Те молам соблечи ги чевлите“, „Карди, одвратно е ова на нозе“, се само дел од коментарите под нејзината фотографија.

Покрај неа е познатата торба Хермес, која секако чини неколку илјади долари.