Дали македонската поп дива Калиопи замина во српската метропола: „Белград и јас засекогаш“

1 март, 2021
kaliopi

Дали тоа нашата поп-пејачка Калиопи се пресели во српската метропола Белград? На големо се шушка низ естрадните кругови. Засега не е ниту потврдено ниту демантирано. Тоа ни сам Господ не знае, во ова време-невреме, а ниту таа не е сигурна во тоа, освен што деновите ги поминува таму покрај реките Сава и Дунав, низ „Кнез Михајлова“ во шопинг или во природните убавини на белградската Авала, со многу свои белградски пријатели и колеги од естрадата.

Една од нив е и популарната српска пејачка, велат премногу згодната Милица Тодоровиќ, со која Калиопи неодамна настапи во мега ТВ-шоуто „Никогаш не е доцна“. И навистина е така, за пријателствата кои Калиопи ги има многу во Белград, неа никогаш не ѝ е доста, ниту се прашање на времето. Тие се безвременски, па токму затоа и пораките на Калиопи имаат посебно значење: – Пред да заминам од Белград, а на кој пак му се враќам, на мојата пријателка, колешката Милица, воопшто не ѝ беше тешко да стане рано наутро да ме испрати. Белград и јас засекогаш!

Во сето тоа Калиопи максимално ја поддржуваат и нејзините верни скопски пријатели меѓу кои и некогашниот градоначалник, Трифун Костовски: Каљопи мила!!! Има такви кои не би спиеле за да Те испратат или убедат дека не треба да заминеш. Шега на страна, прекрасен гест, ѝ порачува Трифун на Калиопи.

А, Калиопи (или Каљопи како што ја ословува Костовски) и нему и на сите свои фанови им вели дека одвај чека да им се врати на концертите, настапите во живо: -Во исчекување на нашата слобода и можноста да се вратам на сцената на мојата публика, живеам една друга слобода во која дишам со мојата инспирација, подготвувајќи се да ви се вратам уште посилна и уште подобра и да ви пеам како никогаш до сега……

Секој нека си ја живее својата слобода…. да сме сите еднакви деца на ова земско небо … На тоа, на својата најомилена пејачка еден нејзин фан силно и возврати: Ти си женска од народот, ете толку те сакаме!

Преземено од vecer.press