Дали може Опра да ѝ помогне? За да ја спаси својата репутација, познатата манекенка сака, исто како и Меган Маркл, да раскаже сè

17 јуни, 2021
1483105

Според сите светски медиуми, Криси Тајген искрено се надева дека интервјуто дадено на Опра Винфри, во каде би ја отворила душата пред камера, може да помогне да се спаси нејзиниот углед, но и кариерата, по скандалот на социјалните мрежи каде што насилник е таа самата

Иако, според некои извори, поединци ја советувале дека би било најдобро за неа „да се скрие сè додека не се заврши“, 35-годишната манекенка и сопруга на пејачот Џон Леџенд е со сите сили сака да ѝ даде интервју на Опра Винфри.

„Криси е во преговори со Опра да ѝ даде интервју, исто како и Меган Маркл, во кое таа ќе ја раскаже својата страна на приказната и вистинската вистина. Криси е борец и верува дека на овој начин би можела да се извлече од сето ова“ откри извор близок на моделот, која пред само два дена напиша блог, кој потоа го објави на социјалните мрежи, извинувајќи им се на сите за злоупотребените зборови во минатото, па дури и на Кортни Стоден која ја навредувала додека Стоден имала само 16 години и ѝ предложила да изврши самоубиство.

Како што откри изворот, сите највлијателни медиуми во Светот веќе стапиле во контакт со Криси Тајген, нудејќи ѝ милиони да проговори само за нив, но таа сака тоа да биде Опра. „Ако Опра ѝ прости на Криси, тоа значи дека светот ќе ѝ прости“, рече изворот.

Во својот блог, Криси се „попрска со пепел“ и јавно призна дека била насилник и дека лошо се однесувала кон луѓето, но исто така тврди дека денес повеќе не е таа личност. Покрај Кортни Стоден, Криси Тајген беше ги именувала и Линдзи Лохан, Квевенжан Валис и многу други за злоупотребата.