Дали новородената ќерка на војводите од Сасекс е британска принцеза?

7 јуни, 2021
65515892_2414013951997955_2437085478148237236_n

„ На 4 Јуни бевме благословени со доаѓањето на нашата ќерка Лили. Таа е повеќе отколку што некогаш би можеле да замислиме, а сепак сме благодарни за љубовта и молитвите што ги чувствуваме од целиот свет. Ви благодариме за вашата љубезност и поддршка во ова многу посебно време за нашето семејство“ стои во официјалното соопштение во кое војводите од Сасекс, 39-годишната Меган Маркл и британскиот принц Хари открија за светот дека пристигна нивното второ дете, девојче кое парот го нарече Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатен-Виндзор. И додека целиот свет зборува за емотивната посветеност што парот ја покажа со ова име на мајката на Хари, но и на неговата баба, 95-годишната кралица Елизабета Втора, многумина во исто време се прашуваат дали малата Лили е новата Британска принцеза?

Archie

Имено, нејзините братучеди Џорџ и Луис и братучетката Шарлот, деца на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, носат кралски титули, па им претходи принц, односно принцеза, но што е со Лили? Девојчето, исто како и нејзиниот постар брат, двегодишниот Арчи – нема кралска титула, па затоа не е британска принцеза. Како што е наведено во официјалното соопштение, целосното име на девојчето е Лилибет ‘Лили’ Дијана Маунтбатн-Виндзор, па малото девојче не ја добило ниту титулата дама, за што се шпекулираше последните месеци.

Но, и покрај фактот дека ниту Лили ниту братот на Арчи не носат кралски титули, обајцата се во линија на сукцесија. Така, Арчи е седми по ред за тронот, додека Лили е осма, зад дедото Чарлс, чичко Вилијам, братучедите Џорџ, Шарлот и Луис, таткото Хари и двегодишниот брат.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi